Радио Милева

Ова е идната снаа на Драгана Мирковиќ? Пејачката загрижена од сознанието чија ќерка е девојката на нејзиниот син

Ова е идната снаа на Драгана Мирковиќ? Пејачката загрижена од сознанието чија ќерка е девојката на нејзиниот син
фото: Принтскрин

Драгана Мирковиќ е една од ретките пејачки која својот приватен живот, но и децата ги крие далеку од очите на јавноста.

Таа во една прилика истакна дека нејзините деца не сакаат да се појавуваат во медиумите, а таа ја почитува нивната одлука.

„Во денешно време младите сакаат да бидат во центарот на вниманието, но моите деца не се во тој фазон“ вели пејачката и додава дека нејзините деца мислат дека приватноста е нешто највредно.

фото: принтскрин/инстаграм

Драгана многу се изненадилa кога неговиот син и соопштил која му е девојка.

„Девојката на мојот син е ќерка на мои куќни пријатели. Кога слушнав му кажав: „Марко, па што ми правиш? Немој да ми го уништите пријателството“ изјави Мирковиќ за „Премиера“.

фото: Принтскрин/инстаграм

Таа откри дека со своите деца и сопругот во својот дом зборуваат на српски јазик.

„Во домот се зборува на наш јазик за да не почувствуваат дека живеат надвор од државата. Тоа е нешто што децата мора да го имаат. Ги обожаваат бабите и дедовците, обожаваат да дојдат на село“ вели пејачката.

Останати вести од Радио Милева