Радио Милева
целосно посветен

Ова е девојката на „Докторот“: Валентино Роси и Франческа фатени во „акција“ на јахта (ФОТО)

Ова е девојката на „Докторот“: Валентино Роси и Франческа фатени во „акција“ на јахта (ФОТО)

Папарацо фотографите во италијанскиот град Пезаро го „фатија“ познатиот мото ас Валентино Роси чиј прекар е „Доктор“ во прилично незгодна ситуација на неговата јахта.

Мото легендата ја искористи паузата и убавите неколку дена за да и посвети време за неговата избраничка Франческа.

Тие уживаа на јахтата разменувајќи  нежности, но едно време атмосферата толку се вжешти што 22-годишната Франческа Софија Новело дури го соблече горниот дел од бикинито,  заземајќи мошне провокативни пози.

Инаку, Роси веќе неколку месеци е со овој познат топ модел за долна облека, која од познатиот италијански мотоциклист е помлада 17 години!

Оваа дама медиумите ја нарекуваат „италијанската Брук Шилдс“ поради сличноста со американска актерка, а фотографиите покажуваат дека дури уште и е поубава од неа.

Таа има над 120.000 следбеници на Instagram, а нејзината популарност расте од ден на ден.

Иако познатиот 39-годишен мото ас рече дека ќе остане засекогаш ерген и дека нема жена која може да го смири,  сепак, Франческа по се изгледа го променила.

Барем за некое време,  бидејќи Роси очигледно дека и е целосно посветен.