Радио Милева
Неизмерна среќа

„Ова е чувство како ниедно досега“: Симона Поповска откри детели за бременоста, породувањето, но и името кое му го дале на бебето

„Ова е чувство како ниедно досега“: Симона Поповска откри детели за бременоста, породувањето, но и името кое му го дале на бебето
фото;симона поповска/инстаграм принтскрин

Во понеделникот поп-пејачката и докторка Симона Поповска ја изненади јавноста со објавите на својот Инстаграм профил дека станала мајка.

Таа на свет го донесе своето прво машко дете, а изненадувањето беше што јавноста не ни насетуваше дека Симона изминатите девет месеци била во блажена состојба.

Сега во телефонски разговор за „Бекстејџ“ тазе мама Симона откри зошто ја криеше бременоста, зборуваше и за чинот на породувањето, но и за тоа кое име го одбреле за наследникот.

-Чувството искрено не може ни да се опише,им посакувам ма сите кои што сакаат да се остварат како мајки што побрзо Господ да ги благослови,затоа што ова е еден момент кој што ќе се памети цел живот и не може да се спореди со ништо друго, вели Симона и додава дека породувањето поминало во најдобар ред, а откри и зошто не откриваше деќа ќе стане мајка:

-Jас и бебето сме одлични,имав прекрасен тим,породувањето беше спонтано и тоа е тоа. Веќе избравме име,ќе се вика Никола. Изненадувањта се реално секогаш послатки,јас не сум човек кој ја споделува приватноста ,но не беше намерно туку поради ситуацијата што се случува со ковид-19,периодот ми беше работа дома,чување и тос е тоа, вели пресреќната мајка која го опиша и моментот кога првпат го земала во реце своето чедо.

-Кога ми го дадоа во раце доаѓаат солзи радосници и знаеш дека доаѓа нова етапа од животот како никоја досега, го заврши таа разговорот за „Бекстејџ“.

Верувеме дека деновите кои доаѓаат ќе бидат уште поубави за среќните родители, а мама Симона веројатно ќе сака да ја сподели таа своја неизмерна среќа и радост.

Останати вести од Радио Милева