Радио Милева
ликот на бостанот

Отсега, кога ќе ти кажат дека имаш глава како лубеница е комплимент… Значи убава си како Лила! (ФОТО)

Отсега, кога ќе ти кажат дека имаш глава како лубеница е комплимент… Значи убава си како Лила! (ФОТО)

Лила е чудо на природата… Ја има секаде… И кај што треба да биде и каде што најмалку ја очекуваш. Нема продаван производ без Лила да го рекламира… Едноставно не си бренд, ако Лила не ти е маркетинг френд!

И тоа не е некој проблем за онаа стока што е брендирана, што има име, препознатлив изглед, амбалажа… Да бидеме веднаш појасни: Под „стока“ не мислевме на овци и крави,  ниту пак на „комплимент“ упатен на одредени личности, туку на одреден бренд на „роба“ или производ кој е препознатлив, а во рацете на Лила, дополнително станува ултрапопуларен.

И се’ е во ред ако тој има свое пакување, име назив, амбалажа… Арно ама производи има разни, па и земјоделски, како овошје и зеленчук, на пример. И како сега ти да рекламираш лубеница да речеме, сакајќи да ти се зголеми продажбата на годинешната реколта, кога сите исто или речиси исто изгледаат?  Многу лесно. Ја викаш Лила и работата е завршена!

Ама како Лила? – ќе праша некој, кога бостан си е бостан, нема разлика меѓу лубениците… Епа не е така. Има разлика! Разликата е во… Лила!

Ако се’ уште не ви е јасно, Лила дури од далечното крајбрежје на Турција, каде летува во едно од монденските летувалишта, ќе ви ја открие тајната. Едноставно е… Само треба да имаш малку уметничка дарба и рекламата е родена: лубеница ала Лила!

Најубавиот бостан со ликот на најдобрата водителка! И бизнисот оди како подмачкан, а продажбата како алва!

Башка, отсега кога некој ќе ти каже дека имаш глава ко лубеница, е комплимент… Значи дека убав(а) си како Лила!