Радио Милева

Откритие за време на полициски час: Александра Јанева покажа од кого го наследила талентот (видео)

Откритие за време на полициски час: Александра Јанева покажа од кого го наследила талентот (видео)
фото: инстаграм

Поради коронавирусот и пандемијата која владее повеќе од еден месец во државата и овој викенд како и претходните, во Макеоднија имаше полициски час кој траше од сабота од 15часот до понеделник до 05 часот.

Иако полицискиот час беше скратен, граѓаните повеќе од 24 часа беа затворени во своите домови, куќи, станови…

Јавните личности повторно најдоа начин како виртуелно да ги забавуваат граѓаните, нивните следбеници, фанови…

Македонската пејачка Александра Јанева често знае да се вклучи во живо на „Инстаграм“, па од својот дом да држи мини концерт, да запее некоја песна која ја побарале фановите.

фото: Инстаграм

Овој пат за време на полицискиот час, Јанева сакаше да сними пијано верзија на „Врати ми го сонцето“, но во еден момент се вклучи нејзината мајка која отпеа дел од баладата.

фото: Инстаграм

Александра овој дел го забележа со својот мобилен телефон и го објави на социјалните мрежи, а на крајот од изведбата, мајката на пејачката се расплака.

„Мама пее – откритие во полициски час“ – напиша пејачката како објаснување.

Како звучи „Врати ми го сонцето“ во изведба на мајката на Александра Јанева погледнете во продолжение.

Останати вести од Радио Милева