Радио Милева

Откриено колку пари побарала Цеца за да пее на ромската свадба во Рим – бакшишот е плус

Откриено колку пари побарала Цеца за да пее на ромската свадба во Рим – бакшишот е плус
фото:цеца ражнатовиќ/инсатграм/принтскрин

На Цеца не и требаат многу настапи за да заработи квалитетно и во време на коронакриза.

Додека голем дел од пејачите речиси и да немаат настапи, Цеца си најде тезга на која наплати дебело.

Медиумите пишуваа за ромската свадба на која таа пееше во Рим, а сега излезе информација и за колку пари го прифатила овој настап кој бил желба на младите.

Според пишувањата на српските медиуми Цеца за овој настап наплатила 100 илјади евра, а бакшишот кој леташе од сите страни, секако е плус.

Инаку, Џеца во Рим беше заедно со нејзината ќерка Анастасија и фризерот Стефан, а сите заедно веќе се вратија во Белград.

Останати вести од Радио Милева