Радио Милева
среќни се

Откриен полот на второто бебе на Меган Маркл и Хари

Откриен полот на второто бебе на Меган Маркл и Хари
фото: DANIEL LEAL-OLIVAS - WPA Pool/Getty Images via Guliver

Meган Маркл и принцот Хари на „Денот на вљубените“ открија дека ќе станат родители по вторпат.

Имено, претходно Меган имаше еден спонтан абортус, па така изјави дека ги менувала пелените на синот Арчи чувствувала болка во стомакот и дека го губи бебето.

По овој тежок период, Меган повторно е бремена и наскоро ќе се породи со своето второ дете.

Веста дека младиот пар на својот син Арчи ќе му подари брат или сестра ја обелодени нивниот потпарол на официјалниот „Инстаграм“. Тој објави прекрасна фотографија од бремена Меган и Хари која ја направи лондонскиот уметник Мисан Хариман.

„Можам да потврдам дека Арчи ќе стане постар брат. Војдовата и војвотката од Сасекс се воодушевени“, напиша тој.

Како што пишуваат медиумите кралскиот пар ќе добие повторно син.

Инаку, Меган со синот Арчи се породи во една од најлуксузните болници во Велика Британија, а нема сомнеж дека таква болница ќе најдат и во Америка.

Останати вести од Радио Милева