Радио Милева

Откриен датумот кога ќе започне судењето за сопругот на Наташа Беквалац!

Откриен датумот кога ќе започне судењето за сопругот на Наташа Беквалац!

Пред речиси два месеци Лука Лазукиќ физички ја нападна својата сопруга Наташа Беквалац.

По тој повод, на 2 јули во Основниот суд во Белград закажено е судењето, на кое ќе може да присуствува јавноста.

Јавното обвинитеслтво на 16 мај поднесе, тужба против Лука за семејно насилство при што може да добие казна од три месеци до три години.

Потоа, судот му забрани да се приближува и комуницира со сопругата.

Лука Лазукиќ на средината на април физички на нападна пејачката Наташа Беквалац, поради што таа заврши во болница. Се пишуваше дека тој физички ја нападнал откако таа прочитала пораки од друга жена во неговиот телефон.

Лука негираше дека ја повредил сопругата, дури и го зема автомобилот и поднесе тужба против неа да и ги врати парите што ги трошеше на патувања и ресторани.

Отогаш речиси два месеци не беше присутна во јавноста, се до пред некое време кога повторно стана активна на социјалните мрежи.

Полека, Беквалац се враќа на својот нормален живот и наскоро ќе почне да настапува.

фото:марко јовановиќ