Радио Милева

Откако Велевска откри дека дефинитивно е крај на бракот, се огласи и сопругот кој вели дека таа има здравствени нарушувања!

Откако Велевска откри дека дефинитивно е крај на бракот, се огласи и сопругот кој вели дека таа има здравствени нарушувања!
фото:инстаграм

Фолк пејачката Елена Велевска девовиве преку естрадниот ТВ магазин „Бекстејџ“ откри дека со сопругот Марјан не успеале да најдат заедничко решение за брачните проблеми и недоразбирања, па пејачката дефинитивно се разведува, иако пред само неколку месеци решија да си дадат уште една шанса.

„Jaс кажав дека нема да разговарам на оваа тема бидејќи во бизнисот одлично ми оди, но не и во љубовта. Децата ми ја дават енергијата кој ми е потребна, а за маж…има многу мажи во светот“ ,вели Елена и додава:

„Видете јас многу се трудев околу тоа да ги задржам двете позиции, но ќе ви кажам кога ќе биде завршено, во тек е разводот“ вели пејачката.

Марјан пак, повторно како и првиот пат не остана резервиран по изјавите на Елена и тој се огласи со својата страна на приказната во изјава за „Медиасет.мк“.

фото:принтскрин/инстаграм/мирчески марјан

И тој потврдува дека со Елена се разведуваат, овој пат дефинитивно и без можност за предомислување. Тој проблемот го посочи во Велевска, тврдејќи дека таа има нарушена здравствена состојба која не е од телесна природа и со тоа е опасна за околината.

Целиот текст можете да го прочитате ТУКА

Останати вести од Радио Милева