Радио Милева
распад на семејната идила?

Откако се степаа со сестра и Ким пред камери, Кортни Кардашијан по 13 години го напушти семејното реално шоу „Во чекор со Кардашијанови“

Откако се степаа со сестра и Ким пред камери, Кортни Кардашијан по 13 години го напушти семејното реално шоу „Во чекор со Кардашијанови“

Кортни Кардашијан (41), по тринаесет години одлучи да го напушти семејното реално шоу „Во чекор со Кардашијанови“.

Кортни официјално соопштила дека ги ограничила своите настапи, затоа што сака приватност, а тоа не е можно поради нејзината секојдневна присутност во медиумите.

„Снимав емисии постојано изминативе години. Се чувствував неисполнето, опкружувањето во реалното шоу стана токсично за мене и одзеде голем дел од мојот живот“- изјавила Кортни за Вог Арабија.

„Ја ценам приватноста и тешко ми е да најдам рамнотежа помеѓу приватните моменти и појавувањето во реалното шоу. Луѓето мислат дека не сакам да работам, што не е точно. Ја следам мојата среќа и ја вложувам мојата енергија во тоа што ме прави среќна“ – додаде таа.

За потсетување, благодарение на ова шоу таа со нејзините сестри Ким (39) и Клои (36) станаа познати низ целиот свет.

Но по се’ изгледа дека пресудна за одлуката на Кортни беше физичката пресметка со нејзината сестра Ким, која се емитуваше во една епизода од „Во чекор со Кардашијанови“, по која таа одлучи постепено да се повлече од реалното шоу.

Останати вести од Радио Милева