Радио Милева

Откако Огњен Врањеш даде интервју за српските медиуми, реагираше и Јелена Карлеуша – еве што имаше да каже

Откако Огњен Врањеш даде интервју за српските медиуми, реагираше и Јелена Карлеуша – еве што имаше да каже
фото: принтскрин/инстаграм

И по една година се уште е актуелна темата за аферата Огњен Врањеш и Јелена Карлеуша.

Имено, босанскиот фубалер првпат даде интервју за српски медиуми и проговори за Јелена. Тој во интервјуто проговри за аферата, откри дека бил со пејачката, но истакна дека и никогаш не ја сакал.

Исто така, објасни дека купил накит од Цеца бидејќи парите оделе во хуманитарни цели, но дека и фолк пејачката му пеела на роденден бидејќи ги сака нејзините песни.

Врањеш за glossy.rs истакна дека му се восхитува на Душко Тошиќ бидејќи успеал толку години да ја издржи Јелена.

По ова интервју, реакција имаше и Јелена Карлеуша која на „Инстаграм стори“ напиша:

„Кога и по година дена некој опсесивно зборува за вас, измислува врска, го напаѓа вашето семејство и вас, јасно е дека станува збор за изопачен ум и драго ми е што сите го гледат тоа. Во нормална држава, јавните личности со закон се зашитени од вакви социопати , додека во Србија секој може да се прослави на срамен начин. На овој несреќник му простувам за злото бидејќи мајка ми ме научи дека простувањето е најголема победа на добриот човек. Знаеше да каже: „Сине,кога тогаш секој ќе го стигне своето зло…“ Нека биде така“.

фото: принтскрин/инстаграм

За потсетување, Карлеуша неколку пати ги демантираше вестите дека имала нешто со Врањеш.

Останати вести од Радио Милева