Радио Милева
(пост)роденденски шок

Откако новиот тест покажа дека Цеца е негативна на корона, ќерка и Анастасија, позитивно ја изненади: Построденденски шок! (ФОТО)

Откако новиот тест покажа дека Цеца е негативна на корона, ќерка и Анастасија, позитивно ја изненади: Построденденски шок! (ФОТО)

Пејачката Светлана Цеца Ражнатовиќ мина низ вистински пекол во претходните две недели. Само неколку дена откако се роди нејзиниот прв внук Жељко Ражнатовиќ, пејачката откри  дека таа и нејзиниот син Вељко  се позитивни за коронавирусот.

Откако беа во изолација, по повторното испитување, дознале дека се негативни, па Вељко веднаш отишол во Тител, каде се неговата сопруга Богдана и бебето, а пејачката останала во нејзината вила во Дедиње да продолжи со сè што започна околу уредувањето на собата на нејзиното внуче.

Нејзината ќерка Анастасија Ражнатовиќ не успеа да го прослави роденденот на мајка си со неа, поради кизолацијата заради короната на вирусот на Цеца и Вељко, па во првата заедничка прилика, реши да ја изненади мајка си.

Цеца и Анастасија излегоа во ноќен провод во еден елитен белградски ресторан. Во еден момент почна да се пее песната „Среќен роденден“ на англиски, а фолк везда немаше поим дека нејзината ќерка токму нејзе  ќе ја изненади со роденденски подарок… со оправдано задоцнување.

Откако тортата пристигна за неа на масата, Цеца најпрвин беше збунета, но….

…Потоа воодушевено сфати дека всушност сето тоа е за неа, а снимките со изненадувањето завршија на Инстаграм.

Останати вести од Радио Милева