Радио Милева
стави крај на шпекулациите

Откако Ирина Шајк и Бредли Купер беа уловени заедно и започна да се “шушка“ дека се смириле, се огласи моделот и откри во какви се односи

Откако Ирина Шајк и Бредли Купер беа уловени заедно и започна да се “шушка“ дека се смириле, се огласи моделот и откри во какви се односи
фото: Профимедиа

Иако Ирина Шајк и Бредли Купер раскинаа во 2019 година, парот често е заедно, а најмногу внимание привлече нивната последна средба поради која започнаа нагодувањата дека повторно се заедно.

Иако ретко зборуваат за својот приватен живот, особено Бредли за кој многумина тврдат дека ја остави Ирина поради Лејди Гага со која глумаше во филмот „Ѕвездата е родена“.

Ирина, во интервју за „Еlle“ проговори за односот со актерот и стави крај на сите шпекулации.

фото: Профимедиа

Имено, како што изјави, иако на врската со Бредли му дојде крајот, тие се во одлични односи и тоа поради нивната ќерка.

Таа им е преоритет за да бидат подобри родители.

„Никогаш не го разбирав поимот сородителство. Кога сум со ќерка ми, јас сум 100% мајка, кога е со татко му, тој е 100% татко. Сородителството е родителство“, започна Ирина.

фото: Профимедиа

За својот поранешен сопруг има само пофални зборови, го опиша како „најпрекрасен татко“ кој може да го има нејзината ќерка.

Исто така, Ирина откри зошто не зборува за приватниот живот.

„Мојата претходна врска е нешто што ми припаѓа на мене и тоа е моја лична работа. Тоа е дел од мене кое не сакам да го делам. Не читам што се пишува, премногу сум зафатена со воспитување на детето. Ако сакаат да пишуваат за мене, нека си ја работат работата. Јас сум концентрирана на својот живот и своето семејство. Се останато е врева“, изјави манекенката.

фото: Профимедиа

Потсетуваме, парот започна да излегува во 2015 година, а по четири години откако објавија дека е крај на нивната врска, многумина ја обвинија Лејди Гага која неколку месеци пред тоа играше со Бредли во филмот „Ѕвездата е родена“.

Останати вести од Радио Милева