Радио Милева

Ослабе до непрепознатливост: Адел се појавила на свадба, но никој не ја препознал додека не се фатила за микрофонот

Ослабе до непрепознатливост: Адел се појавила на свадба, но никој не ја препознал додека не се фатила за микрофонот
фото: Инстаграм

Пејачката Адел ги изненади своите фанови со својата трансформација, а според пишувањата на странските медиуми таа ослабела до 45 килограми за една година.

Линијата на Адел овие денови е една од главните теми во сите медиуми. Имено, откако ослабена се појави на доделувањето на Оскарите, папараците постојано ја следат и сакат да ја фотографираат.

Меѓутоа, пејачката излегува само на пријателски дружања.

Во сабота во Лондон се одржа свадба на нејзините пријатели Лаура Докрил и Хуго Вајт.  Пејачката се фати за микрофонот и ги отпеја „Rolling in the deep“  и „Spice up your life“.

фото: Профимедиа

Присутните забележале дека изгубила доста килограми, но не го изгубила нејзиниот глас.

Адел беше на диета со која конзумира 1000 калории дневно и пие зелени сокови. Со диетата започна по разводот од Сајмон Концек.

Пејачката призна дека плачела поради вишокот на килограми, но дека никогаш ништо не направила за да ослабне.

фото: Профимедиа

Папараците неодамна ја фотографираа Адел во хеланки. Имено, таа на себе имала тренерка која ја истакнува нејзината витка линија, посебно рамниот стомак и слабите нозе.

Останати вести од Радио Милева