Радио Милева
шмекерот од дорќол

Осамнаа досега невидени фотографии на Џеј: Пејачот како дете, со Цеца пред да станат славни, на свадбата со неговата бивша сопруга Нада, но и со нашиот Тоше! (ФОТО)

Осамнаа досега невидени фотографии на Џеј: Пејачот како дете, со Цеца пред да станат славни, на свадбата со неговата бивша сопруга Нада, но и со нашиот Тоше! (ФОТО)

Откако Џеј Рамадановски почина во својот стан во Дорќол,  тагата по него не стивнува. зад себе остави голем број хитови кои го направија славен и популарен, тој беше познат и по своите добри дела, за што беше неизмерно сакан, а по смртта и така достоинствено испратен.

Иако важеше за голем шмекер и боем од Дорќол,  за време на својот живот, Џеј често зборуваше за неговата поранешна сопруга Нада, со која има две ќерки – Ана и Марија. Тој не престана да раскажува колку многу ја сакал, па дури и дека го истетовирал нејзиното име на раката. Нада речиси никогаш не се појави во јавноста, сè до погребот на пејачот.

По неговото заминување, осамна и неколку досега невидени фотографии, меѓу кои и онаа направена на нивната венчавка. Невестата блескала во венчаница и бисери околу вратот, додека Џеј носел сив костум и пеперутка-вратоврска околу вратот.

Покрај оваа, можеби најинтересни се уште две-три малку познати фотографии од животот на пејачот. Едната од младоста, од почетоците на кариерата направена заедно со фолк дивата Цеца, кога обајцата се’ уште не биле толку популарни, познати и славни.

Втората, направена во некој белградски локал заедно со нашата музичка легенда, нашиот ангел Тоше.

И онаа црно-белата, од најраното детство, кога малиот пионер Џеј настапувал во училиштето, уште тогаш покажувајќи го својот талент за музика на една приредба.

Фото: Инстаграм принтскрин/estradnimuzickivremeplov

Останати вести од Радио Милева