Радио Милева

Општ хаос во „Ѕвездите на Гранд“ поради Огнен Здравковски – Марија Шерифовиќ тотално полуде!

Општ хаос во „Ѕвездите на Гранд“ поради Огнен Здравковски – Марија Шерифовиќ тотално полуде!
фото: З.К. Муња/ Д. Милошевиќ/Гранд.онлајн

Минатата емисија од петтата рунда на “Ѕвездите на Гранд”, започна со дуелот меѓу Огнен Здравковски, македонскиот натпреварувач од групата на Марија Шерифовиќ и Катарина Јовановиќ, кандидат на Јелена Карлеуша. Огнен се претстави со песната “Остани” на Горан Каран во пијано верзија, и “Звао сам је Емили” од Здравко Чолиќ, а Катарина ја отпеа песната “Она некад“ и “Луче” на Милена Вучиќ. Потоа жирито даде пет гласови за двата кандидати, па ред дојде до прегласување.

Сите членови на жирито одлучија за кој кандидат да гласаат, додека Вики Миљковиќ постојано велеше дека двајцата натпреварувачи се одлични и не знае за кого да гласа. Кога дојде време да ја направи одлуката, Вики ја сврте главата и притисна копчето по случаен избор.

Пејачката несвесно гласаше за кандидатот на Јелена, и откако Марија виде како нејзината колешка гласаше, таа сосема побесни. “Тоа не може! Јас нема да жирирам. Нема емисија, нема ништо”, извикуваше Марија и тогаш турна столот на Карлеуша  и демонстративно го напушти студиото.

Вики постојано седеше и ја набљудување ситуацијата, а се обиде и да објасни дека не можела да се одлучи за еден кандидат, бидејќи и двајцата биле одлични. Саша Поповиќ веднаш почна да и префрла на Вики дека не може така да се однесува, бидејќи ова е шоу што го гледаат милиони.

Јелена Карлеуша застана во одбрана на Вики, но, исто така, го “нападна” Поповиќ, бидејќи тој наводно, постојано го поддржувал кандидатот на Марија. Јелена во еден момент се скара и со Ѓорѓе, кој не  го даде гласот за нејзината натпреварувачка поради само мала грешка во настапот.

Сепак, на кајот Огнен безбедно ја помина оваа жестока војна, а истата среќа ја имаа и македонските кандидати Филип Пецовски и Мартинијан Кириловски.

фото:фото: З.К. Муња/ Д. Милошевиќ/Гранд.онлајн

извор:Гранд.онлајн

Останати вести од Радио Милева