Радио Милева
љубовно клопче...

„Опасни врски“ на српската естрада: Цеца и Саша Ковачевиќ се „посватија“, а сопругот на „швалерката“ на Душко Тошиќ и ја земал невиноста на оваа колешка на Карлеуша (ФОТО)

„Опасни врски“ на српската естрада: Цеца и Саша Ковачевиќ се „посватија“, а сопругот на „швалерката“ на Душко Тошиќ и ја земал невиноста на оваа колешка на Карлеуша (ФОТО)

На српската естрада е како во реално шоу… Не се знае(ше) па почна да се открива, кој со кого бил, кој против кого или со кого е во моментов е! Дел од тоа можеби се чисти измислици, дел, полуфабрикувани вести, но барем половината е вистина. Тоа српските естрадни ѕвезди или самите го признаваат или медимите преку очевидци, добро информирани извори, папарацо фотографии и видеа го докажуваат.

Имено, Цеца по долга „ љубовна апстиненција“, конечно има нова љубов. Новото момче Богдан Срејовиќ е помладо 8 години од неа. Навидум ништо необично, зашто после Аркан фолк дивата воглавно беше навикната на „младо месо“…  Или „тазе пилетина“, што би рекле познатите со нивниот естраден жаргон!

Од друга страна женскиот срцекршач Саша Ковачевиќ тотално ја разочара својата бројна армија обожавателки откако пред неколку години јавно обзнани дека е во сериозна врска, а новата девојка всушност му е разведена жена со дете покрај себе, кое пејачот го прифати како да е негово. Нивната љубовна романса се’ уште трае, а некогашната мисица и манекенка Драгана Тасовац и Саша Ковачевиќ, добро упатените велат дека дури се и пред земање.

Патем, Цеца и Саша Ковачевиќ се и  домашни пријатели, а пејачот е еден од малкуте редовни гости на куќната слава на  Цеца – Свети Никола, и обратно, таа на неговата – Ѓурѓовден. Но, за љубовната сага на секој од нив да стане латиноамериканска сапуница, или во поново време,  турска серија, се погрижила судбината, која Цеца и Саша  сега „спои“ и на поинаков начин.

Имено, новото момче на Цеца, е всушност бившиот сопруг на актуелната девојка на Саша Ковачевиќ, со која ја има ќеркичката Искра. Или што би рекле, Цеца и Саша на некој начин… се „посватија“!  Патем, сите меѓусебно се се’ уште во одлични односи! Злобниците дури и прокоментираа дека, како тргнале, малку фали да завршат во… „свингерај“!

Од друга страна некако истовремено пукна аферата за наводната врска на Душко Тошиќ, сопругот на Јелена Карлеуша со жената на пејачот Пеѓа Јовановиќ – Близанац. Наводно, новата швалерка на српскиот фудбалер,  Ана Јовановиќ е добро позната во спортските, особено фудбалските  кругови, а кога нејзиниот сопруг Пеѓа дознал за нејзините излети, нивниот брак пропаднал.

Во меѓувреме се јави уште една српска пејачка, колешка на Карлеуша, која обзнани кој и бил „прв во животот“.

Имено, атрактивната Душица Грабовиќ, пејачката која стана позната кога се појави видео на кое се гледа како на еден нејзин настап публиката и пика бакшиш во гаќичките, јавно објави кога го имала првиот секс, односно кога ја изгубила невиноста и од кого. И види, „да не веруваш“, во прашање е исто така нејзин колега – пејач.

„Тој ми ја зема невиноста“ – објасни Душица посочувајќи го никој друг туку токму колегата Пеѓа Јовановиќ – Близанац.

Taa рече дека и сега се во одлични односи, како со него, така и со неговата, веројатно сега веќе бивша ( или на пат тоа да стане) сопруга, посочената наводна швалерка на Душко Тошиќ,  кој e се ‘ уште сопруг на Јелена Карлеуша!

Па сега вие видете, кој е со кого, а кој против кого и дали на српската естрада навистина не се случуваат „опасни врски“?!

Фото: Инстаграм принтскрин

 

Останати вести од Радио Милева