Радио Милева
Бара одговор

„Она или ја?“: Гавазова и Џеј Ло облечени во ист модел, па нашата фолкерка прашува на која подобро и стои (фото)

„Она или ја?“: Гавазова и Џеј Ло облечени во ист модел, па нашата фолкерка прашува на која подобро и стои (фото)
фото:сузана гавазова/џеј ло/инстаграм принтскрин

Српската пејачка Јелена Карлеуша како да ги инспирираше и нашите пејачки и водителки да се споредуваат со светски позанти ѕвезди кога е модниот избор во прашање.

Па така, се почесто можеме да видиме фотографии од кои се прави паралела, особено со модните комбинации кои ги носи светски познатата пејачка и актерка Џенифер Лопез.

Овој пат, таква споредба со латино дивата направи нашата фолк пејачка Сузана Гавазова. Таа пронајде фотографија од себе од 2016 година и ја „залепи“ до онаа на Џеј Ло.

Неспорно е дека двете носат многу слична модна комбинација, на Сузе е црн топ од тантела споен со црно здолниште, додека на Џеј Ло е во бело издание.

Веројатно Сузана не мислеше на тоа дека Џенифер Лопез ја копира, туку само сакаше да ја нагласи сличноста во модниот избор, па праша: „Она или ја?“, епа што мислите?

Останати вести од Радио Милева