Радио Милева

Огромен кревет, гужвана постелнина, а на Лејди Гага само розови граќички (фото)

Огромен кревет, гужвана постелнина, а на Лејди Гага само розови граќички (фото)
фото:инстаграм

Бурна година за американската пејачка и шоу-кралица Лејди Гага (33), обележана со бројни сензации. Исто така многу успешна година за неа, бидејќи таа доби многу филмски награди за улогата во „”Ѕвездата е родена“, вклучувајќи го и познатиот Оскар.

Исто така, беше доста забележлива со изгледот и со модните перформанси на гала-манифестацијата МЕТ. Гага ја лансираше и линијата на сопствена козметика и цело време беше мета на таблоидите заради наводната љубовна врска со Бредли Купер.

фото:инстаграм

Сето тоа стана минато, откако пред неколку дена беше фотографирана од папараците со новото момче, аудио – инженерот Даниел Хортон. Причината зошто сите светски портали повторно се фокусираат околу американската поп ѕвезда, се фотографиите од скоро голата Гага во својот дом.

фото:инстаграм

Покрај спалната соба и креветот, Лејди Гага им покажа и на своите следбеници колку е вешта во кујната во кујната, а бидејќи е по потекло Италијанка, пејачката покажа дека е многу вешта во правењето тестенини.