Радио Милева
реинкарнација

Огњен Амиџиќ објави: „Фламингоси“ одново ќе пејат, еве кој мегапопуларен српски актер ќе го замени покојниот Маринко Маџгаљ!

Огњен Амиџиќ објави: „Фламингоси“ одново ќе пејат, еве кој мегапопуларен српски актер ќе го замени покојниот Маринко Маџгаљ!

Српскиот актер, ТВ водител и некогашен член на вокалното дуо „Фламингоси“Огнен Амиџиќ најавува дека наскоро ќе организира концерт „Фламингоси и пријателите“, а целиот приход ќе биде наменет за Сара, ќерката на неговиот покоен компањон Маринко, кој почина од рак на панкреасот пред две години, на возраст од 37 години.

Огњен открил дека наскоро ќе се знае и дадумот, а објаснил и каква му е замислата: „Датумот не зависи само од мене туку и од големиот број наши пријатели, естрадни ѕвезди и актери што ќе учествуваат. Проблемот е само во заедничкиот термин за да можеме да закажеме во ’Сава центар’. Мислам дека ќе биде пред летото. Комплетното сценарио е направено. ’Фламингоси’ повторно ќе запеат.

Андрија Милошевиќ ќе ги пее делниците на Маринко. Настанот го замисливме како прекрасна вечер каде низ насмевка ќе се сеќаваме на нашиот Маки. Тој тоа го заслужи и ќе дадам сè од себе да испадне токму онака како што тој би посакал“ – откри Амиџиќ.

Целиот приход ќе биде наменет за деветгодишната ќерка на Маџгаљ, Сара, која Маринко ја има од бракот со актерката Дубравка Мијатовиќ, а на која таткото сè повеќе и недостасува“, раскажал Огнен.

Останува уште да видиме дали ќе се појави некоја позната личност или  македонски пејач на овој концерт, со оглед на фактот дека „Фламингоси“ за време на своето постоење најпрвин имаа снимено дует песна со Каролина Гочева со наслов „Ти и ја“, а подоцна во видеото за нивниот хит „Македонка“ главната ролја ја играше нашата манекенка и топ моидел Емилија Розман!?