Радио Милева

Огнен Здравковски открива каква е Марија Шерифовиќ приватно

Огнен Здравковски открива каква е Марија Шерифовиќ приватно
фото:инстаграм/огненздравковски

Пред финалето на регионалниот музички натпревар „Ѕвездите на Гранд“, менторката и член на жирито, Марија Шерифовиќ, ги однесе своите финалисти во Париз.

Меѓу нив, можност да ја ужива и искуси оваа привилегија ја имаше скопјанецот Огнен Здравковски.

фото:инстаграм/огненздравковски

Во изјава за порталот Точка.ком.мк, Оги ракажа какви се наговите импресии од дружбата во француската метропола, но кусо проговори и за тоа каква е Марија Шерифовиќ приватно.

 Марија е иста и пред камери и позади камери.. Пред се она е човек со преголемо срце, што ако те засака се ќе направи за тебе.. Она во моето срце и во мојот живот ќе има посебно место засекогаш! – вели Здравковски за Марија која неколку месеци работеше на подобрување на неговата вокална изведба.

фото:инстаграм/огненздравковски

За она што им се случувало таму вели дека ќе го зачува за себе, но најмногу ќе го памети возењето на електричен тротинет низ Париз.

фото:инстаграм/огненздравковски

Досега Оги и Марија функционираа одлично, а не се сомневаме дека нивната релација на професионално и приватно ниво ќе продолжи, па можеби ќе слушнеме и некој дует.

Останати вести од Радио Милева