Радио Милева

Огнен Здравкоски сподели како изгледаше снимањето на првиот круг на „Ѕвездите на Гранд“

Огнен Здравкоски сподели како изгледаше снимањето на првиот круг на „Ѕвездите на Гранд“

Минатогодишниот учесник на регионалното музичко шоу „Ѕвездите на Гранд“, Огнен Здравкоски и годинава доби повик од продукцијата да се врати во натпреварот.

Во претходната сезона, Огнен стигна до петиот круг, а сега има втора шанса за да успее.

Вчера започна снимањето на првиот круг на музичкото шоу, а во шоуто ќе се појави и Огнен.

Во кратките приказни на Инстаграм, македонскиот кандидат сподели како изгледаше снимањето и ја покажа новата сцена на која тој ќе се бори да постигне успех.

Исто така, Здравкоски ја искористи приликата, па се фотографираше и со неговите колеги кои исто така ќе се натпреваруваат.

Инаку, оваа година жирито од претходните сезони останува речиси исто односно на местото на Аца Лукас ќе биде музичарот Ѓорѓе Николиќ познат како Ѓорѓе Давид.

Како Огнен ќе се претстави во новата сезона останува да видиме.

фото: принтскрин