Радио Милева
промена

Огнен Здравкоски откри за што се кае додека беше дел од „Ѕвездите на Гранд“: „Можеби тогаш подобро ќе поминев“

Огнен Здравкоски откри за што се кае додека беше дел од „Ѕвездите на Гранд“: „Можеби тогаш подобро ќе поминев“
фото: инстаграм/огнен здравкоски

Огнен Здравкоски на публиката стана познат по неговото учество во регионалното музичко шоу „Ѕвездите на Гранд“ 2018/2019.

Тој беше под менторство на пејачката Марија Шерифовиќ,  а стигна и до самото финале на музичкото шоу.

Здравкоски се посвети на својата музичка кариера, сними песни, а често може да го видиме и во емисиите на Гранд телевизија или во студиото каде се снима музичкото шоу.

фото: инстаграм/огнен здравкоски

Пејачот неодамна направи промена односно стана русокос, па сега за „Grand news“ откри зошто се одлучил за таков чекор.

„Сакам промени и ги следам трендовите. Почувствував потреба за промена, а воедно и подготвував нов спот во кој сакам да изгледам поразлично“, вели Огнен.

фото: З.К Муња/ Д. Милошевиќ

Тој вели дека некој кој сака да се занимава со естрада треба да експериментира и дека се кае што не правел промени додека бил во „Ѕвездите на Гранд“.

„Најважно е да бидете различен и луѓето да ве запаметат. Јас додека се натпреварвував немав промени и ми е криво што не го правав тоа затоа што можеби ќе поминав подобро, луѓето паметат кога си впечатлив“, изјави Здравкоски.

Финалистот вели дека му недостигаат „Ѕвездите на Гранд“.

фото: инстаграм/огнен здравкоски

„Гледам секоја сабота и ме недостигаат. Кога повторно би се пријавил, Марија Шерифовиќ ќе ја земам за ментор“, вели Огнен.

Инаку, оваа година исто така има добри кандидати во музичкото шоу, а оние кои се уште се натрпеваруваат се Мите Стоилков, Александар Јосифовски, Марија Груевска.

Останати вести од Радио Милева