Радио Милева

Огнен Здравкоски бесно порача: „Нема да ви одговарам на ретардирани прашања“ (фото)

Огнен Здравкоски бесно порача: „Нема да ви одговарам на ретардирани прашања“ (фото)

Веќе добро познатато лице Огнен Здравкоски може да го гледаме во новата сезона на „Ѕвездите на Гранд“.

Во првата емисија, Огнен воодушеви со својот настап и ги освои сите гласови, а како ментор ја одбра Марија Шерифовиќ.

Додека чека да се подготви за вториот круг, Огнен на „Инстаграм“ одговори на неколку прашања поврзани со „Ѕвездие на Гранд“.

Најмногу го прашуваа со која песна ќе се претстави, каква е Марија Шерифовиќ како ментор, но и доби едно непријатно прашање поврзано со Јелена Карлеуша.

Ова дефинитивно го изнервира Здравкоски, па одговори:

„Не ви одговарам на вакви ретардирани прашања. Веќе ги има неколку, па ви кажувам да знаете“, напиша Огнен во објавата.

Како ќе се претстави Здравкоски во следниот круг, останува да видиме.

фото: принтскрин/инстаграм