Радио Милева
Маестрален

„Од грдото пајче стана лебед“: Мите Стоилков со својта појава во „Ѕвездите на Гранд“ ја шокираше Јелена Карлеуша (видео)

„Од грдото пајче стана лебед“: Мите Стоилков со својта појава во „Ѕвездите на Гранд“ ја шокираше Јелена Карлеуша (видео)
фото:инстаграм/мите стоилков

Во регионалното музичко шоу „Ѕвездите на Гранд“ станува се пожешко. Изиматата сабота се случи шестиот круг, а селекцијата на учесниците се стеснува се’ повеќе.

Мите Стоилков од Скопје е сериозен кандидат за финале и дефинитивно еден од најдобрите кои настапуваат на големата сцена на Грнад.

фото:принтскрин/ѕвездите на гранд/јутјуб

Тој во најновото издание се претстави со песна од Адил и Тоше Проески, а награден за своето пеење беше со сите шест гласови уште на првата песна, што речиси и да не се случува со останатите негови конкуренти.

фото:принтскрин/ѕвездите на гранд/јутјуб

Интересно беше што Мите за овој настап го сменил имиџот за кој се погрижил дизајнерот Златко Јовановски од Тетово, кој исто така се грижи и за сценските костимографски настапи на битолчанката Марија Груевска.

фото:принтскрин/ѕвездите на гранд/јутјуб

Мите и за двете песни го промени стајлингот, пуштил брада, и косата му беше модерно стилизирана.

-Кој е овој? Мите?- праша Карлеуша која не го препозна, а подоцна му даде коментар дека од „грдо пајче, станал лебед“.

фото:принтскрин/ѕвездите на гранд/јутјуб

Најсреќна за директниот пласман на Мите беше неговата менторка Вики Миљковиќ која кажа дека дури и доаѓа да се напие лекови.

Настапот н а Мите погледнете го од видеото на 3:15 минути.

Останати вести од Радио Милева