Радио Милева

Од „буцкастата“ Бриџит Џонс до манекенка: Рене со комплетна трансфромација на изгледот и се врати на глумата (фото)

Од „буцкастата“ Бриџит Џонс до манекенка: Рене со комплетна трансфромација на изгледот и се врати на глумата (фото)
фото:принтскрин/јутјуб

Актерката Рене Зелвегер (50) направи значајно враќање на филмската сцена по 6 годишна пауза. Холивудската sвезда се појави на филмскиот фестивал во Торонто и присуствуваше на премиерата на нејзиниот нов филм „,Judy“.

Рене за оваа пригода носеше елегантен син фустан, а нејзината тенка линија дојде до израз и гордо го покажа позирајќи пред фоторепортерите.

Филмот „Judy“ ги раскажува последните моменти од кариерата на легендарнaта Џуди Гарланд и се занимава со петнеделниот престој на славната пејачка и актерка во Лондон во зимата 1968 година, само неколку месеци пред нејзината смрт.

Пред да замине во Лондон, како што вели трејлерот, Гарланд била без пари, не можела да најде работа во Америка, се борела со зависноста и истовремено се борела да се грижи за своите деца.

Погледнете го трејлерот за филмот што излегува во кината на 27-ми септември:

Потсетување, можеби највпечатливата улога на Рене Зелвегер е ликот на „буцкастата“ и харизматична Бриџит од „Дневникот на Бриџит Џонс“.

фото:танјуг/АП