Радио Милева

Новопечениот македонски зет ја промовираше својата прва песна (видео)

Новопечениот македонски зет ја промовираше својата прва песна (видео)
фото: принтскрин/инстаграм

Во тринаесеттата сезона на регионалното музичко шоу „Ѕвездите на Гранд“ посебен белег остави Гуте Маринковиќ.

Гуте од самиот почеток беше еден од фаворитите, а под менторство на Ана Бекута се претставуваше во се подобро светло.

Иако, Гуте не стигна до самото финале, „Ѕвездите на Гранд“ му донесоа уште поубава победа, односно љубов.

фото: Принтскрин/инстаграм

Имено, Гуте започна врска со македонската кандидатка Елена Миленковска која исто така беше под менторство на Ана.

По неколкумесечна врска, парот сфати дека се сродни души и нивната љубов ја официјализираа со свршувачка.

фото: принтскрин/инстаграм/гутемаринковиќ

И додека траеше музичкото шоу, Елена знаеше да се најде во собата за емоции и да го подржува Гуте додека пее на сцената.

Меѓутоа, освен успеси на приватен план, Гуте ниже и успеси на професионален план. Имено, иако само финалистите на музичкото шоу снимаат по една нова песна, овој пат продукцијата отстапи од правилата.

фото: принтскрин/јутуб

Како што истакна Поповиќ, Гранд ги задржува правилата на добар канидат кој не влегол во финалето да му овозможат добра песна.

Така, македонскиот зет деновиве ја промовираше својата прва песна насловена „Где год да си анџеле“.

фото: принтскрин/јутуб

Музиката е на Растко Аксентијевиќ, а текстот и аранжманот на Хани Митровиќ.

Елена и во овој нов почеток му е поддршка на Гуте, па така додека тој ја промовираше песната во „Ѕвезде гранда специјал“, Миленковска го подржуваше од публика.

фото: Принтскрин/инстаграм/еленамиленковска

Инаку, Елена и оваа година ќе учествува во „Ѕвездите на Гранд“, а пред некој ден кога дојде на снимање со неа се појави и Гуте кој како и досега ја поддржуваше пред првиот круг.

Во продолжение слушнете ја новата песна на Гуте.