Радио Милева
новогодишна еуфорија

Новогодишна магија: Ѕирнете во празничниот амбиент во домот на Лила (фото)

Новогодишна магија: Ѕирнете во празничниот амбиент во домот на Лила (фото)
фото: инстаграм/лила филиповска

Ситно броиме до крајот на 2020-та година, а познатите ширум регионот и светот покажаа како изгледа нивниот дом во новогодишно руво.

Иако, 2021-та  ќе ја дочекаме без големи помпи и новогодишни прослави, сите се радуваме дека годината на коронавирусот кончено ќе заврши… Барем календарски!

Познатите преку социјалните мрежи ги покажаа новогодишните елки, покажаа како изгледаат нивните домови за време на престојаните празници.

Meѓу нив и водителката Лила Филиповска. Имено, во нејзината последна објава на Инстаграм, таа ја покажа новогодишната елка украсена со лампиони и сајлички, ги покажа и останатите новогодишни декорации и украси кои прават нејзиниот дом да наликува на новогодишна бајка.

Главна ѕвезда е и нејзиниот мачор Рагнер кој на видеото позира елката.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Lila (@lilafilipovska)

Нема сомнеж дека кога станува збор за Лила, се мора да изгледа фино, убаво и со вкус.

Останати вести од Радио Милева