Радио Милева
убавината на генот

Новинарката на Сител покажа колку личат со новородената ќеркичка: Каја е копија на мама (ФОТО)

Новинарката на Сител покажа колку личат со новородената ќеркичка: Каја е копија на мама (ФОТО)

Убавата и шармантна уредничка на бизнис вестите на ТВ Сител, Наташа Мерсовска кон крајот на минатата година за прв пат стана мајка. Таа на свет донесе здраво женско дете, а малечката доби необично, но убаво и модерно име – Каја!

Првите фотографии на среќната мајка, новородената ќерка и воопшто семејството, можевме да ги видиме уште веднаш по породувањето. Нормално, тогаш Каја се’ уште беше  многу мала за да може да се каже дали повеќе наликува на мама или на нејзиниот татко. Впрочем, бебињата многу бргу ги менуваат цртите на лицето, заради брзиот развој.

Сепак, иако малата принцеза е се’ уште бебе, таа веќе почнува да ги покажува убавините на својот физикус. Мама Наташа деновиве направи неколку најнови фотографии, па истите ги постираше на својот Инстаграм профил.

На една од нив, тие се фотографирани во крупен план, како лежат една до друга…Мама без шминка, за Каја се подразбира. А, сличноста е повеќе од евидентна: убаво лице, бел тен, крупни светли очи и насмевка која плени… Со еден збор, Каја е копија на мама Наташа! Барем сега за сега… а, веројатно и во иднина!

За карактерните особини на малечката убавица нема да зборуваме. Ќе оставиме родителите сами да си препознаат, во кој сегмент на карактерот, која карактерна црта од кого, нивната ќеркичка ја има превземено!

Едно сепак е сигурно: малата Каја ќе биде убавица… на мама!