Радио Милева
промашен проект?

Новата заедничка песна на бугарската пејачка Гери Никол и нашиот Слаткаристика претрпе тотално фијаско: Бугарите ја прогласија за евтин турбо фолк! (ФОТО)

Новата заедничка песна на бугарската пејачка Гери Никол и нашиот Слаткаристика претрпе тотално фијаско: Бугарите ја прогласија за евтин турбо фолк! (ФОТО)

Долго очекуваната заедничка нова песна на бугарската поп ѕвезда Гери-Никол и нашиот Слаткаристика не и го донесе очекуваниот успех на пејачката, дури и го навлече гневот на нејзините обожаватели, кои ја категоризираа како евтин турбо фолк, а бугарските медиуми ја окаректеризираа како тотално фијаско. Фановите дури и ја опишаа како имитатор на еден од најзапазените изведувачи во фолк жанрот – Емануела.

„Гледај ме“ има изразен турбофолк звук, што е забележливо уште од почетокот на песната. Текстовите исто така потсетуваат на поп-фолк-хитовите на Анелија и Емилија, со кои беше споредена и Гери-Никол.

„Моќен народњак, батка“,  „Паметам колку потенцијал имаше до пред 5 години… А сега како да ја слушам Анелија“, „Очекував нешто многу повеќе! Текстот е типичен народњак , како да слушам нешто на Емануела“… – гласат само дел од коментарите на разочараните обожаватели, цитирани од веб-страницата show.bg.

Што се однесува до видеото на Гери-Никол, таа долго време се потпира на она што го прават нејзините колешки  од турбофолкот. Имено, голи гради и задник, провокативни кадри и оскудна облека – пишува бугарскиот портал „HotNews.bg“,  карактеризирајќи го заедничката песна и видеото на Гери-Никол и Слаткаристика, (кого патем, не го ни споменуваат во написот), како целосно промашен проект!

Останати вести од Радио Милева