Радио Милева

Новата девојка на синот на Ѓорѓе Иванов е „топ тема“, а еве како изгледаше оваа убава спортистка во спотот на „Некст тајм“ (фото+видео)

Новата девојка на синот на Ѓорѓе Иванов е „топ тема“, а еве како изгледаше оваа убава спортистка во спотот на „Некст тајм“ (фото+видео)
фото:кабинетот на екс-претседателот

Љубовниот живот на Иван Иванов, синот на поранешниот претседател на Република Македонија, Ѓорѓе Иванов, деновиве е „топ тема“ од забавните рубрики на домашните медиуми.

Иван, кој беше препознатлив како младото момче со бујна коса и лежерен стил, веќе извесен период има комплетно нов имиџ, но и нова љубовна врска.

Станува збор за одбојкарката Власта Ружиновска, која според пишувањето на „Слободен печат“ веќе подолг период е во романса со Иванов, а била и меѓу присутните на забавата по повод неговиот роденден.

За Иван е познато дека студираше на Правниот факултет, отсек политички науки, но за малкумина е познато дека и Власта по струка е правник, иако е позната само како одбојкарка.

фото:точка.ком.мк

Своевремено таа се појавуваше во реклами, а исто така имаше и главна улога во спотот на „Некст тајм“ за „Ја излези Ѓурѓо“, каде ги покажа и своите вештини во јавање.

фото:принтскрин/јутјуб

Пред неколку години Власта во интервју за „Точка“ по прашањето за тоа каков треба да биде нејзиниот партнер, таа одговотри.

-Партнерот е мојот најголем пријател, слушател и поддршка, доколку ме сака и ме прифати онаква каква што сум и “по пижами”, а кога ја губам самодовербата, ме враќа на нозе и не се брои за превласт, туку верува во мене и кога самата јас ја губам вербата… Ете тој е вистинскиот!, велеше тогаш Власта која не користи социјални медиуми и не преферира да открива детали од својата приватност.

фото:принтскрин/јутјуб

Власта секогаш ја поврзуваат со добриот изглед и сексапилот, особено што одбојкарките се познати по своите задници.

Иван пак, е познат како голем љубител на добрата рок музика. Освен што свири гитара,тој пред неколку години се појави и во улогата на диџеј.

Негова поранешна девојка со која се појавуваше во јавност, беше манекенката Сара Миленковска.

фото:принтскрин/јутјуб

За потсетување, погледнете го спотот на „Некст тајм“ каде Власта е во улогата на Ѓурѓа:

Останати вести од Радио Милева