Радио Милева

Новак и Јелена Ѓоковиќ беа на концерот на Ерос Рамацоти: Италијанскиот пејач уште на почетокот имаше барање до публиката на која веројатно не и беше сеедно!

Новак и Јелена Ѓоковиќ беа на концерот на Ерос Рамацоти: Италијанскиот пејач уште на почетокот имаше барање до публиката на која веројатно не и беше сеедно!
фото:принтскрин/инстаграм

Славниот италијански пејач Ерос Рамацоти вчеравечер одржа концерт во Белград, а уште на самиот почеток имаше посебно барање до публиката. Имено, Ерос ја замоли публиката да не пуши бидејќи, како што додаде, чадот многу му пречи.

Ерос Рамацоти во понеделникот пристигна во Белград и се поклони пред илјадници фанови кои уживаа во музиката и емоциите на италијанскиот пејач.

– Добра вечер, Белград! Како сте Ви благодарам што дојдовте – со овие зборови Рамацоти ја поздрави публиката во Арената, а потоа започна спектаклот.

Со песната „ Vita Ce N’e “, пејачот излезе на сцената, како од бајка поради специјалните ефекти кои ги придружуваа неговите песни дизајнирани од неговата сега поранешна сопруга Марика.

фото:принтскрин/инстаграм

Ги пееше и хитовите: “Un Altra Te”, “Cose de la Vita”, “Fuoco nel Fuoco”, “Se Bastasse Una Canzone”, “Musica e”… Покрај старите песни, публиката имаше можност да ги слушне песните во живо од новиот албум „ Vita Ce N’e“.

На концертот во публиката беа и Новак и ЈеленаЃоковиќ, кои објавија фотографија на социјалните мрежи и покажаа дека денот им завршил токму со концертот на Ерос Рамацоти.

Останати вести од Радио Милева