Радио Милева

Нова љубовна врска: Стефан Живојиновиќ фатен со девојка – оваа српска пејачка ќе биде новата снаа на Брена? (фото)

Нова љубовна врска: Стефан Живојиновиќ фатен со девојка – оваа српска пејачка ќе биде новата снаа на Брена? (фото)
фото: принтскрин.инстаграм/стефанживојиновиќ

Синот на Лепа Брена, Стефан Живојиновиќ  неодамна заплива во музичките води и полека, но сигурно “гази“ на сцената.

Неодамна медиумите го поврзуваа со српската пејачка Милица Павловиќ истакнувајќи дека меѓу парот има нешто.

Стефан  и Милица ги демантираа овие пишувања, нагласувајќи дека се само добри пријатели.

Меѓутоа, сега српскиот портал „Блиц“ објави фотографии од Милица и Стефан во еден ресторан.

фото: О.Буниќ/рас србија

Тие во ресторанот пристигнале со автомобилот на Стефан кој се однесувал како џентламент кон пејачката.

фото: О.Буниќ/рас србија

„Стефан кон Милица се однесуваше многу џентламентски и во ресторанот пристигнаа со неговиот автомобил. Се насмеа еден на друг, потоа застанаа на влезот од ресторанот и нешто се договараа. Во секој случај, навистина се убав пар, двајцата се згодни, убави, млади“ вели извор за „Блиц“ кој се нашол на лице место.

фото: О.Буниќ/рас србија

фото: О.Буниќ/рас србија

фото: О.Буниќ/рас србија

Дали меѓу нив навистина има нешто и дали Павловиќ ќе биде нова снаа на Брена, ќе покаже времето.