Радио Милева

Нова љубовна двојка на естрадата: Антониа Гиговска е во врска со свој колега

Нова љубовна двојка на естрадата: Антониа Гиговска е во врска со свој колега
фото: Притнскрин/инстаграм

Македонската пејачка Антониа Гиговска оваа година повторно имаме прилика да ја гледаме во регионалното музичко шоу „Пинкови ѕвездички – all stars“.

Во секое нејзино претставување таа добива само позитивни коментари од членовите на жирито.

Иако, кружеа гласини дека наводно меѓу Милан Станковиќ и Антониа има нешто повеќе од релација судија – учесник, сепак тоа беа само шпекулации, а младата пејачка љубовта ја нашла во свој колега од македонската естрада.

фото: Принтскрин/инстаграм/антониагиговска

Како што пренесува „Бекстејџ“, Гиговска е во врска со Иван Joванов, вокалот од Либеро бенд.

фото: Принтскрин

Парот се заедно повеќе од месец, а Иван на своите блиски пријатели се доверел дека е многу заљубен и се чувствувал како да ја познава Антониа цел живот.

Како што пренесува магазинот, новопечениот пар Велигденските празници ги поминал во Битола кај братучед на Иван.

Пред да биде со Антониа, Иван беше во повеќегодишна врска со водителката Јана Сарафимова.

фото: фејсбук/јанасерафимова

За потсетување, Антониа моментално се наоѓа во Тел Авив каде што ќе биде придружен вокал на Тамара Тодевска на Евровизија.

фото: принтскрин/инстаграм/антониагиговска

Дали овие пишувања ќе се покажат како точни, ќе покаже времето.