Радио Милева

Нов тренд на социјалните мрежи: Вака Тамара Тодевска би изгледала како машко (фото)

Нов тренд на социјалните мрежи: Вака Тамара Тодевска би изгледала како машко (фото)
фото: Мартин Трајновски

Живееме во 21 век каде технологијата оди се напред, се појавуваат нови апликации, нови трендови на социјалните мрежи, а каде и да се наоѓаме во светот може да дознаеме за најновите случувања.

Во времето на изолација и пандемијата со коронавирусот најголемиот дел од времето повеќето го поминуваат на интернет гледајќи филмови, серии, сурфање на Фејсбук, Инстаграм.

Во поново време се повеќе е актуелна и новата апликација Тик ток, на која „одлепија“ и познати личности, а видеата на оваа платформа често ќе ве насмеат и ќе ви го поправат расположението.

Во деновите на коронавирус, се измислија многу друштевни игри, предизвици….

Така некои објавуваа фоготрафии од детство, некои од свадби, други направија предизвик во готвење, во објавување на фотографии без шминка…

На социјалните мрежи никогаш не е досадно. Постојано има нови трендови. Така ако пред некое време беше хит #10yearschallange или како ќе изгледате на стари години, деновиве на интернет кружи нова игра, односно како ќе изгледате доколку сте  од спротивен пол. Мажот како жена или жената како маж.

Тамара Тодевска е една од поактивните корисници на социјалните мрежи каде ги известува фановите за нејзините нови проекти, анагажамни, но и речиси секојдневно споделува видеа со ќерката Хана, синот Дарен.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Tamara Todevska (@tamaratodevska) on


Па, како активен корисник, Тамара веднаш одлучи да го проба новиот тренд и да види како ќе изгледа како маж.

Имено, преку апликацијата „Face app“ таа ја направи оваа трансформација и откри како би изгледала додека би била од спротивниот пол.

Тодевска оваа фотографија ја сподели во кусите приказни на „Инстаграм“.

фото: инстаграм/тамаратодевска

Како ви се допаѓа? Останува да видиме кој друг ќе ја проба „Face app“.

Останати вести од Радио Милева