Радио Милева

Ништо од луксуз: Синовите на Лепа Брена работеле како келнери во Америка!

Ништо од луксуз: Синовите на Лепа Брена работеле како келнери во Америка!

Лепа Брена важи за една од најуспешните и најбогатите пејачки во регионот. Неколку пати има истакнато дека доколку сака нивните деца да заработат пари треба да се трудат и да работат, а таа ќе им биде поддршка.

Така им беше и поддршка кога нејзиниот син Стефан Живојиновиќ и посинокот Филип Живојиновиќ одлучија да заминат да студираат во Америка.

Пејачката првпат прозбори како изгледал животот на нејзините деца во САД додека биле студенти.

„Сами сакаа да заработуваат. Многу нивни пријатели немаа доволно средства за удобен живот во Америка, а Стефан и Филим им помагаа и работеа како келнери или слична работа, вели Лепа Брена за „Glossy“ и додава дека и се допаднала нивната одлука.

„Им се допадна работата, а и на мене бидејќи така сфатија дека животот не е бајка. Мора да се работи. Сеедно дали се најбогати или најсиромашни. Богатите гледаат како да го задржат богатството и во што да го вложат капиталот, додека пак оние што не работат мислат дека се ќе им падне од небо, вели газдарицата на Гранд.

Инаку,  Стефан тргна по стапките на мајка си, па сними и неколку песни и веќе настапува во регионот.

фото: хеломагазин

Додека пак нејзиниот посинок Филип Живојиновиќ, неодамна заплива во брачните води и се ожени со пејачката Александра Пријовиќ.

фото; телграф

Агендата на Лепа Брена е полна за летниот период, па  многу често настапува, а во Макеоднија може да ја гледаме и слушаме на 18 август во Струмица.