Радио Милева

Нина Деан стана мајка – еве кое име го одбра за наследникот

Нина Деан стана мајка – еве кое име го одбра за наследникот

Македонската актерка Нина Деан се породи вчера на клиниката во Чаир. Нина и нејзиниот партнер Мартин станаа родители на нивното прво дете, односно син за кој го одбраа името Каи.

Радосните вести на социјалните мрежи ги сподели мајката на Нина, Гордана која планираше да дојде во Скопје и да и помогне на ќерката.

„Се роди Каи. Баба од далеку ги бацува и гушка Нина, Мартин и Каи“ напиша Гоца на социјалните мрежи, а под објавата се нижеа честитки.

За потсетување, Нина во една прилика истакна дека Мартин е нејзина љубов од детеските денови, па се појавил со 10 години и повторно се заедно и љубовта ќе ја крунисаат со брак.

Редакцијата на вистина се приклучува кон честитките, да е жив и здрав синот.

Останати вести од Радио Милева