Радио Милева
„Нема поголема љубов“

Никој не знаеше дека очекува бебе: Наоми Кембел стана мајка на 51 година (фото)

Никој не знаеше дека очекува бебе: Наоми Кембел стана мајка на 51 година (фото)
фото: профимедиа

Суперот моделот Наоми Кембел на социјалните мрежи објави дека станала мајка.

Популарната манекенка се реализираше како родител на 51 година.

Оваа вест ја објави на својот Инстаграм покрај фотографија на која го држи стапалото на бебето.

„Прекрасно мало чудо ме одбра да му бидам мајка. Благословена сум што ја имам оваа мала душа во животот и немам зборови да ја опишам врската која ја делам со тебе, ангелу. Нема поголема љубов“, напиша таа.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Naomi Campbell (@naomi)

Сепак, се уште не се знае дали е биолошко бебе на Наоми или пак станува збор за посвојување.

Во мај 2017 година, моделот изјави дека сака да стане мајка, но дека не се брза и дека ќе се случи во одредено време.

Две години подоцна истакна дека се уште не е подготвена за бебе, но дека ќе види што и подготвува универзумот.

Останати вести од Радио Милева