Радио Милева

Никој не очекуваше да го види Бредли Купер во метро заедно со неа (фото)

Никој не очекуваше да го види Бредли Купер во метро заедно со неа (фото)
фото:инстаграм/принтскрин

Актерот Бредли Купер, кој глумеше во популарниот филм „A Star Is Born“,заедно со Лејди Гага, неодамна се појави таму каде никој не го очекуваше.

Поточно, Бредли беше фотографиран од папараците додека се возеше во метрото во Њујорк со својата ќерка Леа ди Шејн, а судејќи според неговиот стајлинг, тој изгледа прилично опуштен, за разлика од изданијата што бевме навикнати да го гледаме на црвениот килим.

фото:профимедиа

Инаку, се шпекулира дека Бредли и неговата поранешна партнерка, манекенката Ирина Шајк се борат со жестока битка за старателството.

Со оглед на тоа дека тие се фотографирани во Њујорк, каде што Ирина сакала Леа да остане, се добива впечаток дека Бредли попуштил и се откажал да ја пресели својата ќерка во Лос Анџелес.

Останати вести од Радио Милева