Радио Милева
Јасна порака?

Никој не може да го замени Аркан: Синот на Цеца се огласи откако целиот регион дозна дека мајка му има нова љубов (фото)

Никој не може да го замени Аркан: Синот на Цеца се огласи откако целиот регион дозна дека мајка му има нова љубов (фото)
фото:мондо/стефан стојановиќ/мнпресс

Веста дека пејачката Цеца Ражнатовиќ има ново партнер, 9 години помладиот, Богдан Срејовиќ, одекна како бомба, а наскоро се појавија и првите слики на кои тие се држат за раце, како и видеа како се бакнуваат.

Двајцата наводно сезаедно два месеци, а синот на Цеца, Вељко Ражнатовиќ кој моментално со сопругата и синот е на Копаоник,сега се огласи за прв пат по оваа вест.

Тој на својот Инстаграм сподели фотографија од покојниот татко Жељко Ражнатовиќ Аракан, а покрај неа постави и круна.

 

Дали ова беше пораката на Вељко дека никој не може да го замени Аркан или тој само се сети на својот татко на денот кога беше убиен пред точно 21 година во хотелот Интерконтинентал во Нов Белград, најдобро знае самиот.

фото:пинк тв/папарацо лов/принтскрин

-Кога некој ќе биде доволно маж да биде со мојата мајка, јас ќе им дадам приватност ако сакаат, но дотогаш, ќе ја чувам мајка ми јас“, рече тој во една прилика во разговор за Блиц.рс.

Останати вести од Радио Милева