Радио Милева

Никогаш поскромни: Бекамови заработуваат милиони, а роденденот на Викторија го прославија вака (фото)

Никогаш поскромни: Бекамови заработуваат милиони, а роденденот на Викторија го прославија вака (фото)
фото:принтскрин/инсатграм

Викторија Бекам го прослави 45-от роденден во друштво на своето семејство во Лос Анџелес, а за таа прилика сопругот Дејвид и децата ја изненадија во раните утрински часови.

Децата за мама направиле сладолед, а потоа Викторија одлучила да ги однесе во ресторан за сите заедно да појадуваат. На овој појадок друштво им правела Хана Крос – девојката на синот Бруклин.

фото:принтскрин/истаграм

За таа прилика на славеничката сите и отпеале роденденска песна, а Викторија дувнала само една свеќичка која била поставена на крофна, неместо на торта. Викторија од наследничката Харпер добила кукла од омилениот лик, додека од сопругот букет цвеќе.

фото:принтскрин/истаграм

Интересно е дека многу скромно го прославија роденденот, а исто така и подарија и мали, но слатки и драги подароци.

Очигледно Бекамови иако имаат милиони, се уште знаат и ги почитуваат малите нешта кои ги прават среќни.

Останати вести од Радио Милева