Радио Милева

„Ние сме добри пријатели додека не се вклучат камерите“: Ова се новите правила во „Ѕвездите на Гранд“

„Ние сме добри пријатели додека не се вклучат камерите“: Ова се новите правила во „Ѕвездите на Гранд“

Наскоро започнува новата сезона на регионалното музичко шоу „Ѕвездите на Гранд“.

Директорот на „Гранд продукција“, Саша Поповиќ откри кои ќе бидат новитетите во регионалното музичко шоу.

„Ние сме добри пријатели додека не се вклучат камерите, а тогаш стануваме противници. Поточно, сега тие се противници, а јас во оваа сезона нема да бирам кандидати“ вели Поповиќ за „Гранд онлајн“ и откри дека тој и Снежана нема да подготвуваат кандидати како што беше во претходната сезона.

фото: Принтскрин

„Ако членот – гостин кој ќе се менува во секоја емисија го претисне тастерот, кандидатот може да бира меѓу него и стандарното жири. Од друга страна, ако никој од членовите не пристисне тастер, гостинот на жирито иако не гласал може да го земе кандидатот и да му биде ментор. Тоа право го имавме јас и Снежана претходната година, а сега истото припаѓа на членот кој ќе биде гостин“ вели Поповиќ.

Во првата емисија гост е Ален Адемовиќ некогашниот член на групата „Милиграм“.

Поповиќ истакна дека во новата сезона на музичкото шоу ќе има околу 250 нови кандидати, меѓу кои и кандидати од Македонија.

„Имаме 1/3 стари и 1/3 нови кандидати. Она што е интересно старите кандидати односно оние кои веќе учествуваа нема да можат да бидат кај истиот ментор од претходната година“ објаснува Поповиќ.