Радио Милева

Ни Сара Мејс не би го познала: Димитар Атанасовски ретко може да го видиме во вакво издание (фото)

Ни Сара Мејс не би го познала: Димитар Атанасовски ретко може да го видиме во вакво издание (фото)
фото: инстаграм/димитар атанасовски

Сопругот на македонската пејачка Сара Мејс, водителот Димитар Атанасовки неодамна си ја скрати брадата и го промени личниот изглед.

Дека водителот води грижа за својот изглед покажува и фактот што пред некое време Диме посети фризерски салон за услугата – миење на косата.

Деновиве Диме повторно позираше во едно посебно издание, а сега ретко кој би го познал. Имено, по повод „Dance international competion“ , Диме се среди во такво издание што ретко кој би го познал, па дури и Сара Мејс.

За оваа прилика, Диме се облече во елегантно црно одело, со средена фирузра и брада, а со ваквиот имиџ изгледа помладено.

Тој се фотографираше пред огледало, а веруваме дека бил задоволен од самиот ефект. Меѓутоа, еден од неговите следбенци го праша Атанасовски дали ослабел.

фото: принтскрин/инстаграм/димитаратанасовски

Атанасовски позираше до македонската згодна водителка Марјана Станојковска, па вака како водителски пар еден до друг изгледаат елегантно, културно и професионално.

фото: принтскрин/инстаграм/марјанамау

Станојковска за ова прилика одбра дол црвен фустан кој одлично и прилега на нејзината витка фигура.

фото: Принтскрин/инстаграм/марјанамау

За потсетување, Диме и Сара претходната година станаа родители на нивната прва ќерка која наполни една година.

Останати вести од Радио Милева