Радио Милева

Невидена тензија во „Ѕвездите на Гранд“: Ja обинија Вики Миљковиќ дека го потплатила македонскиот кандидат Мите Стоилков (видео)

Невидена тензија во „Ѕвездите на Гранд“: Ja обинија Вики Миљковиќ дека го потплатила македонскиот кандидат Мите Стоилков (видео)
фото:мите стоилков/инсатграм/принтскрин

Еден од највпечатливите моменти од третиот круг на шоуто „Ѕвездите на Гранд“ беше кога членките на жирито Вики, Марија и Јелена се расправаа за кандидатот на Вики од Скопје, Мите Стоилков.

Веројатно се сеќавате дека Мите победи на „Пинкови ѕвезди“ пред неколку години, но ја побара среќата и во натпреварот „Ѕвездите на Гранд“, ги воодушеви сите со својот талент, па Марија и Јелена се прашуваа зошто ја избра Вики за свој ментор.

– „Зошто ви е чудно? Љубомора“ – им рече Вики, а нејзините колешки одговорија дека сметаат дека поткупила толку добар кандидат за да биде со неа во тимот.

– „Но, Вики е нелогична!“ –извикуваа Марија и Јелена и иронично се смееја.

Мите Стоилков (25), под менторство на Вики Миjковиќ се одлучи да ги отпее песните „Ако ме оставиш“ од Мишо Ковач и „Јако јако“ од Лозано.

 

View this post on Instagram

 

Овие денови се снима третиот круг на “Zvezde Granda”🌟. Вчера се снимаше мојот настап и сум задоволен од истиот бидејќи поминав во наредниот крyг. Ќе се емитува на 03.10.2020 на “Канал 5” 📺 со почеток во 20:15h, на “Nova BH” со почеток во 20:00h и на “Prva” во 21:00h. Се надевам дека ќе Ви се допадне и вам. Премиерата ќе биде во скоро време, а до тогаш јас напорно ќе работам за во следниот круг.❤️ @viki_miljkovic @zvezdegranda #zvezdegranda #zg2020 #grandproduction #macedonia #serbia #montenegro #croatia #bosnaandherzegovina #vikimiljkovic #picoftheday #instagood #vikimiljkovicteam #photooftheday

A post shared by Mite Stoilkov🎙 (@mitestoilkov) on

Дуелот заврши со резултат 5: 2 во корист на Мите кој се пласираше во 4-от круг.

Бидејќи сите беа воодушевени од пеењето на Мите, Марија се интересираше колку гласови имаше во првиот круг и зошто ја избра Вики?

Саша Поповиќ се огласи иобјасни дека Мите имал 5 гласа и дека ја сакал Вики.
– Што сте љубоморни вештерки? – ги праша Вики, а Марија рече – Нема логика дека е со Вики, разбирате?

Ја прозиваа и дека Вики го потплатила за да го добие како кандидат, но и други, но Мите одговори:
– Само ќе кажам дека направив добар избор што се однесува до менторот.

– Шега на страна, ти беше одличен, подготви се за најлошото од мене и од моите кандидати – рече Марија.

– Имаш неспорен талент, но ти треба еден вид социјална интелигенција. Бидејќи изборот на Вики за на натпреварот е нелогичен – рече Kарлеуша, а потоа и Вики се надоврза.

– Сите оние девојки кои мислеа дека Јелена ќе ги научи да летаат околу сцената, избраа и потоа се сопнаа, На крајот немаше ништо, заврши Вики.

Настапот на Мите Стоилков можете да го погледнете од 2:00:12

извор видео:grand.online

Останати вести од Радио Милева