Радио Милева

Неверојатно си личат: Ова е мајката на Татјана Стојановска која наполни 66 години

Неверојатно си личат: Ова е мајката на Татјана Стојановска која наполни 66 години
фото: Принтскрин/инстаграм/татјанастојановска

Мајката е најдобриот пријател на секое дете, најголемата поддршка и личност која секогаш е тука да ни помогне во добро и лошо. Таа е една од најважните личности во нашиот живот, а и жена која има најголема обврска.

Eдна од нашите најубави и најпознати дами на ТВ екраните, Татјана Стојановска деновиве имаше убав повод за славење.

Имено, мајката на Татјана го прослави својот 66 роденден.

По тој повод, Стојановска на својот „Инстаграм“ објави фотографија со својата мајка која во рацете држи торта на која има свеќички со бројот 66.

Во описот напиша: „Среќен роденден мамо“.

фото: принтскрин/инстаграм/татјанастојановска

Нема сомнеж дека Татјана својата убавина ја наследила од нејзината мајка која за своите 66 години изгледа прекрасно, витално и е вистинска дама со стил. Освен тоа Татјана и нејзината мајка премногу си личат.

Не за џабе рекле дека „крушата под круша паѓа“ , а водителката очигледно е копија на мама.

Останати вести од Радио Милева