Радио Милева

Непристојно за бремена принцеза: Меган Маркл ги покажа гаќите под проѕирното здолниште (фото)

Непристојно за бремена принцеза: Меган Маркл ги покажа гаќите под проѕирното здолниште (фото)

Принцот Хари и неговата сопруга Меган Маркл периодов беа во фокусот на медиумите и јавноста поради нивната прва турнеја во Австралија и Нов Зеланд.

Последна дестинација им беше градот Ротоура каде се појавија пред насобраната толпа луѓе. За овој повод Меган се одлучила за доста храбар изглед со оглед на титулата која ја има, но и блажената состојба.

Имено, таа на себе има транспарентно здолниште во теген нијанса од кое се гледаат и гаќите.

Ваквиот стајлинг сигурно не е во рамките на кралскиот дрес-код, кој очигледно Меган решила да го прекрши.

Според коменатрите кои се појавија на интернет, Маркл изгледа убаво, но зачудувачки бидејќи познато е дека модните правила во кралството се доста строги.