Радио Милева

Неодолив со крупни очи: Мама Тамара реши да го покаже лиценцето на синчето Дарен (фото)

Неодолив со крупни очи: Мама Тамара реши да го покаже лиценцето на синчето Дарен (фото)
фото:Инстаграм/тамаратодевска

Пред речиси месец и половина, пејачката Тамара Тодевска на свет го донесе своето второ дете – синчето Дарен.

Како што беше и кога стана мајка за првпат со ќеркичката Хана, така и за Дарен, на мама Тамара и требаше да помине малку време за пред јавноста да го покаже лицето на својот наследник. Кога пак Хана се запозна со јавноста, привилегијата прва да ги види и објави фотографиите, ја имаше токму редакцијата на Вистина.мк.

Изминатиот викенд преку Инстаграм пејачката се реши да го запознае Дарен со јавноста, а се досега објавуваше доста моменти со бебенцето, но сокривајќи го неговото лице.

Како за прво јавно запознавање Тамара објави две неодоливи фотографии од Дарен на кои на едната спие, додека на другата гледа со широко отворените крупни очи додека мама го фотографира.

Она што може да се забележи,  е дека за разлика од Хана која има сини очи на тато, Дарен има темна боја на очите, како на мама.

За споредба, колку личат братчето и сестричето, погледнете како изгледаше Хана како бебе со новите фотографии од Дарен.

ХАНА

ДАРЕН