Радио Милева
„Скромен крал и еден принц“

Некои не им веруваа на очите, а други пак добро се сеќаваат: Влатко Стефановски во друштво на принцот Чарлс (фото)

Некои не им веруваа на очите, а други пак добро се сеќаваат: Влатко Стефановски во друштво на принцот Чарлс (фото)
фото:влатко стефановски/инстаграм принтскрин

Пред 23 години принцот на Велс и син на кралицата Елизабета, Чарлс, беше во Скопје.

Едни многу добро се сеќаваат на тоа време и посетата на принцот, додека други се во неверување дека такво нешто воопшто се случило.

На тоа време од далечната 1998 година не потсети познатиот македонски виртуоз на гитара Влатко Стефановски кој во тоа време се запознал со принцот и разменил муабет.

Она што го потсети на средбата која се случила во скопскиот хотел „Континентал“ каде принцот организирал коктел, беше тоа што завршил со гледање на серијата „Круна“.

„Само што завршив со гледање на „Круна“, па решив да ги споделам фотографиите од средбата со неговото височество, принцот од Велс, што се случи во ноември 1998 година. Како сувенир, тогаш му го подарив мојот најнов албум „Џипси меџик“ напиша Влатко во описот од објавата на својот Инстаграм профил.

Некои од следбениците на Валтко Стефановски добро се сетија на тоа време, додека други пак нагласија дека воопшто не ни знаат дека се случило принцот Чарлс да дојде во Скопје.

Инаку, Влатко имаше да се пофали и со уште нешто ново и свежо, а тоа е дека неговиот албум „Taftalidze shuffle“ е номиниран меѓу 25-те најдобри од Европа на „ Europian Impala Award“.

Останати вести од Радио Милева