Радио Милева

Некогашниот македонски финалист во „Ѕвездите на Гранд“ ќе стане татко (фото)

Некогашниот македонски финалист во „Ѕвездите на Гранд“ ќе стане татко (фото)
фото: фејсбук

Регионалното музичко шоу „Ѕвездите на Гранд“ им овозможува на кандидатите да излезат од анонимност и да направат музичка кариера.

Македонскиот учесник Филип Божиновски публиката имаше прилика да го запознае  во сезоната 2014/2015.

Со својот глас, скромност и едноставност, ја освои публиката, но и стигна до финалето.

Божиновски моментално ужива и во својот приватен живот.

Имено, во 2018 година македонскиот пејач заплива во брачните води со неговата долгогодишна девојка Сања.

Сега, по две години брак, Филип откри дека ќе станат татко, односно со Сања ќе станат родители на своето прво дете.

„Во ова време – невреме чекаме една многу убава работа да ни се случи“ напиша Божиновски во описот на фотографијата на која позира со неговата сопруга на која се гледа потпораснатото стомаче.

Засега, пејачот не го откри полот на бебето.

фото: антионио12ант