Радио Милева

Некогашната македонска учесничка во „Ѕвездите на Гранд“ прележа корона: „Имав такви тешки ноќи, со тешки симптоми“

Некогашната македонска учесничка во „Ѕвездите на Гранд“ прележа корона: „Имав такви тешки ноќи, со тешки симптоми“
фото: Инстаграм

Коронавирусот не ги заобиколи ни познатите, па многумина од нив беа позитивни на корона, некои со поблаги симптоми, а некои за жал ја изгубија битката со вирусот.

Некогашната македонска учесничка во „Ѕвездите на Гранд“, Ивона Јовановиќ исто така била позитивна на Ковид 19 и го прележала вирусот.

Таа се огласи на својот „Инстаграм“ и откри дека со месеци не се чувствувала добро.

„ Со месеци чепкам во себе. Со месеци не се чувствувам убаво во своја кожа. Барав што се случува со мене. Не ми беше убаво да седам со луѓе. Не ми беше убаво кога не седам со луѓе. Не ми беше убаво ништо. Тотално ништо. Се дур не се случи затварањето дома поради тоа што појавив симптоми и бев позитивна на КОВИД.

-Ова мораше да ми се случи. Да ме останам сама со себе скоро месец дена. Бурен живот живееме и немаме време да чепнеме што ни се случува таму внатре.
Ми требаше време сама со себе за да сфатам дека животот ми е даден за да го уживам. Барав и ќе барам што е тоа што се случува со мене, но морам да се поместам од место. Морам да престанам да стојам на едно место. Морам да се размрдам и да направам живот каков што од секогаш сум сакала.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Ivona Jo (@ivonajo) on

-Навистина ми беше тешко овие денови и недели. Имав такви тешки ноќи, со тешки симптоми а уште потешки ноќи со псиихчки епизоди. Благодарам на мајка ми, брат ми, татко ми, баба, дедо, тета и уште многу луѓе од фамилијата кои се грижеа за мене.

-Огромна благодарност до пријателите,а ќе го издвојам Силјан (@siljanpanovski ) кој секоја вечер ќе дојдеше во дворот (на 6 метри од мене) за да збориме буквално како можеби месечината денес повеќе свети од вчера се со цел да ме одржува во свесна состојба. Да ми ги смири моите панични напади и да ми ја регулира анксиозноста. Никогаш нема да ти го заборавам ова.Благодарна сум што ова зло што и да беше, го победив и знам дека со причина дојде кај мене. Буквално и на универзумот му беше доста од повторувањето на моите грешки и чекање на нешто да падне од небо.
Дечки јас сум надвор и сум добро. Чувајте се.
Ве сакам !“,  пишува Јовановиќ во описот на последната фотографија.

фото: Инстаграм

Се надеваме дека се ова ќе заврши најбрзо што може, па повторно ќе се вратиме во нормала.

Останати вести од Радио Милева